Поединечно Европско првенство за млади 2024 г.

Европско кадетско првенство во шах во Чешка - 2024

На Европското првенство во шах во Прага во сите кадетски категори, кое се одржа од 20.08 до 01.09 настапуваа и нашите овогодишни државни прваци во машка и женска категорија. На овогодишното првенство најголем успех постигна најмладата натпреварувачка Софија Беловска која на свои 7 години, со една година професионален тренинг обезбеди најдобар пласман на Македонија во историјата на македонскиот шах, категорија девојчиња до 8 години (GU8) на Европско првенство за млади. Софија пред се е продукт на проектот " Шах во школи" , проект прифатен од сите структури во Државата , проект прифатен од сите љубители на шаховската игра, шахисти и шаховските клубови , дело на сегашната шаховска Федерација која по некои 15 тина години сива зона, почна да го враќа шахот во Македонија на местото каде му припаѓа а тоа е во врвот на Македонскиот спорт. Честитки до Софија и сите кадети кои достојно го претставуваа Македонскиот шах и најавија подобри денови на шахот во Државата. Поединечни резултати на сите наши кадете се дадени во табелата :

СНо

 

Име

Ртг

ФЕД.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

Поени

Рк.

K

ртг +/-

Група

23

 

Belovska Sofija

0

MKD

½

1

0

0

1

½

0

1

1

5

21

0

0,00

Girls – G8

62

 

Cvetanovska Andrea

0

MKD

0

0

1

0

0

0

0

1

½

2,5

69

0

0,00

G10

60

 

Veleva Ilijana

1556

MKD

0

0

0

1

1

1

½

0

1

4,5

50

40

-39,20

G12

101

 

Velkoska Ivana

1490

MKD

0

0

½

0

0

0

1

1

1

3,5

94

40

-35,20

G14

7

 

Zhezhovska Monika

2069

MKD

½

1

½

½

0

0

1

1

1

5,5

25

40

-63,20

G16

61

 

Ajradinoska Indzi

1812

MKD

0

0

1

½

½

0

1

0

0

3

71

40

-26,40

G18

48

 

Ivanov Vasil A

1452

MKD

1

0

0

½

½

0

½

0

½

3

68

40

12,80

Open – O8

76

 

Abdurahman Ahmet Selim

1602

MKD

½

0

1

0

1

0

½

1

1

5

43

40

59,60

O10

92

 

Nikolovski Damjan

1526

MKD

0

0

1

0

1

1

0

1

0

4

78

40

-2,40

O10

52

 

Krstevski Pavel

1873

MKD

1

0

1

0

0

1

1

0

0

4

67

40

-55,20

O12

98

 

Ivanov Andrey

1879

MKD

0

½

1

½

½

0

0

0

1

3,5

110

40

-33,60

O14

140

 

Ibraimov Efe

1770

MKD

0

0

0

0

0

1

1

0

0

2

144

40

-75,60

O16

36

AFM

Zlatkov Anton

2297

MKD

1

0

1

1

½

0

½

0

1

5

49

20

-19,60

O18

Резултати по кола на секој играч поединечно може да ги видите на следниот линк.

Европско кадетско првенство во Прага 2024

Европско кадетско првенство во шах во Чешка - 2024

На Европското првенство во шах во Прага во сите кадетски категори, кое се одржува од 20.08 до 01.09 настапуваат и нашите овогодишни државни прваци во машка и женска категорија. Број на учесници на Европски натпреварувања за млади е преку 1000 од сите шаховски федерации во Европа.

Тренерскиот тим го сочинуваат Маријан Митков ИМ и Орце Данчевски ИМ,тренери од шаховската школа на Гамбит.

Нашата држава ќе ја преставуваат следните натпреварувачи по категории:

               Девојчиња

               до 8 години     Беловска Софија

               до 10 години     Цветановска Андреа

               до 12 години     Велева Илијана

               до 14 години     Велковска Ивана

               до 16 години     Жежовска Моника

               до 18 години     Ајрадиновска Инџи

               Момчиња

               До  8 години   Иванов Васил

               До 10 години    Абдурахман Ахмет Селим

               До 12 години    Крстевски Павел

               До 14 години    Иванов Андреј

               До 16 години    Ибраимов Ефе

               До 18 години    Златков Антон

Шаховската Федерација на Македонија им посакува многу успех на нашите најмлади шахисти.

Средба со министерот за спорт Борко Ристовски

Средба со министерот за спорт Борко Ристовски

Раководството на Шаховската Федерација на Македонија, претседателот Саша Богдановиќ и потпреседателот Агим Шемсиу остварија средба со министерот за спорт г-динот Борко Ристевски.
Се разговараше за активностите на Шаховската Федерација, проектирањето на шахот во училиштата, шаховската Олимпијада која ке се одржи во Будимпешта, како и организација на претстојното Европско првенство во рапид и блитц кое ке се одржи во декември оваа година во нашата земја во Скопје.

Иван Кочовски

Иван Кочовски шаховски селектор,тренер,судија...

Иван КОЧОВСКИ добитник на државната награда “8.Септември“ во 2017 година за животно дело, како шаховски тренер-селектор. Роден е во 1959 година во Слоештица, Демир Хисар, а работниот век го врви во Скопје. Своето деби за репрезентацијата на Македонија го има во 1977 година на Турнирот на Републики и Покраини, на островот Крк во Хрватска. Во 1979 година, иако многу млад, заедно со Јован Софревски е тренер на македонските пионери и младинци на Првенството на Југославија за пионери и младинци, одржано во Отешево. Во 1988 година ја освојува меѓународната шаховска титула ФИДЕ мајстор и на турнирот во Гдиња, Полска надмоќно победува на турнир од VI категорија По осамостојувањето на Македонија избран е за селектор на женската репрезентација на Македонија. Дебитира на Шаховската олимпијада во Москва во 1994 година. Во првото коло против најсилниот можен противник, репрезентацијата на Русија, Македонија остварува сензационален нерешен резултат 1,5:1,5. Во меѓувреме во 1998 година, по повод 50 години од постоењето на Шаховската федерација на Македонија, за своите заслуги во развојот на шаховската игра, добитник е на највисокото признание- златна плакета. Со Кочовски како тренер-селектор, Шаховската репрезентација на Македонија на почетокот на новиот милениум, во екипна конуренција, постигна историски резултати достојни за почит. На Шаховската олимпијада во Истанбул, 2000 година, делба на 7-13 место. Следната 2001 година Македонија беше 8(осма) на Светското првенство во Ереван (Ерменија). На Шаховската олимпијада на Блед (Словенија) во 2002-та година го делеше 8-12 место. На Европското екипно првенство во 2003 година во Пловдив (Бугарија), Македонија го освојува 12-тото место. Две години по ред, во 2002 и 2003 година, на изборот за Спортист на годината, Иван Кочовски е избран за најуспешен селектор во Македонија. Носител на титулата меѓународен шаховски интернационален арбитер со највисоки функции на меѓународни натпревари, во историјата на Македонија, на Европски првенства и Шаховски олимпијади. Како шаховски интернационален арбитер има највисока лиценца во историјата на Македонија. На меѓународни турнири, Главен судија на прочуениот Карпош Опен на првите VII турнири, од 2011 до 2017 година. Главен судија на Шаховската олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид во 2017 година. Арбитер на Шаховските олимпијади во Тромсо (Норвешка) 2014, Баку (Азербејџан) 2016 и Батуми (Грузија) во 2018 година. Главен судија на последното екипно првенство на Македонија. Уште многу други успеси на полето на шахот за Иван Кочовски може да ги видите на следниот линк: http://chess-mkd.mk/wp-content/uploads/2024/08/2024-Кратка-биографија_Иван-Кочовски.pdf

Женско екипно првенство на Македонија за 2024г.

Женско Екипно првенство на Македонија за 2024

Женското екипно првенство на Македонија за 2024 година се одржа од 24-30 Јули во Хотел „Сириус“ во Струмица.

Се игра на 4 табли, со исто толку резерви.Концепциски гледано треба да овозможува настап на поголем број шахистки

Историјата како да се повторува.Само два клуба се борат за првото место.

Три години по ред играат во последното коло екипите на МШК Центар и Алкалоид од Скопје. Поуспешна беше младата и полетна екипа на МШК Центар. Стопостотната ефикасност со другите ривали, заедно со нерешениот резултат во дербито, им овозможи да го освојат победничкиот пехар.

Пласманот на останатите екипи е во рамките на очекуваниот, според нивниот квалитет.

Испаднаа екипите на Шах Шех и Капабланка.

Секојдневни информации и одиграните партии беа проследени преку интернет 

Женско Екипно првенство на Македонија за 2024 Струмица, 24 – 30 Јули 2024 година

Конечна табела

Rank

Team

1

2

3

4

5

6

7

8

MP

Res.

Pts.

1

МШК ЦЕНТАР, Скопје

*

2

4

4

4

4

4

4

13

1

26

2

АЛАКОИД, Скопје

2

*

3½

3

3½

4

4

4

13

1

24

3

ГШК КУМАНОВО 1, Куманово

0

½

*

2

2½

4

3

3

9

0

15

4

ГШК НЕГОТИНО, Неготино

0

1

2

*

3½

3½

3

2

8

0

15

5

ГАМБИТ АССЕКО СЕЕ, Скопје

0

½

1½

½

*

2½

2½

2½

6

0

10

6

ПЕЛАГОН, Прилеп

0

0

0

½

1½

*

3½

2½

4

0

8

7

ШАХ ШЕХ, Битола

0

0

1

1

1½

½

*

2½

2

0

6½

8

КАПАБЛАНКА, Скопје

0

0

1

2

1½

1½

1½

*

1

0

7½

Прва лига мажи за 2024 г.

XXXII Екипно првенство на Македонија за 2024

Машката прва шаховска лига започна со откажувањето на екипата на Стево Патако од Битола така да настапија девет екипи.

Жребката беше немилосрдна за најаките екипи на првенството да тие уште во првото коло ги одмерат силите. Екипата на Алкалоид од Скопје беше поуспешна и со 4:2 го совлада единствениот конкурент за првото место екипата на Гамбит Ассеко – Сее.

Со оваа титула екипата на Алкалоид 12 пати последователно е првак на Државата, а 26 – ти пат од осамостојувањето со што овој клуб го прави еден од најуспешните прволигаши во сите спортови не само во шахот.

Покрај Стево Патако, во Втората лига се сели и Анпасан-Сеш.

Натпреварувањето го судеше Иван Кочовски по 21 пат, инаку за оние помалку информираните станува збор за поранешен најуспешен селектор на нашата машка сениорска репрезентација како и бивш секретар на шаховска федерација.

Секојдневни информации и одиграните партии беа проследени преку интернет на следниот линк.

Лигата се одигра во  одлични услови за кои се погрижи хотел “Сириус“ во Струмица.

XXXII Екипно првенство на Македонија 2024 Струмица, 24 Јули-01 Август 2024 година Конечна табела:

Rank

Team

1

2

3

4

5

6

7

8

9

MP

Res.

Pts.

1

АЛАКОИД, Скопје

*

4

5

5

5½

5

5½

4½

5

16

0

39½

2

ГАМБИТ АССЕКО СЕЕ, Скопје

2

*

5½

4½

4½

4½

5

5½

5

14

0

36½

3

ПРИЛЕП, Прилеп

1

½

*

3

4

3

4

4

6

10

1

25½

4

ГОСТИВАР, Гостивар

1

1½

3

*

3

4½

3½

3½

5

10

1

25

5

ГШК КУМАНОВО 1, Куманово

½

1½

2

3

*

4

3

4

5

8

0

23

6

ПЕЛАГОН, Прилеп

1

1½

3

1½

2

*

3

3½

4

6

0

19½

7

ШТАЈНИЦ, Битола

½

1

2

2½

3

3

*

3

4

5

0

19

8

ШКУПИ, Скопје

1½

½

2

2½

2

2½

3

*

4½

3

0

18½

9

АНПАСАН-СЕШ, Шипковица

1

1

0

1

1

2

2

1½

*

0

0

9½

Втора лига мажи 2024 – Струга

Од 7 до 13 јули во хотел Дрим во Струга се одржаа Втората машка екипна лига за сениори и квалификациите за првата женска екипна лига.

 
На Втората машка лига учествуваа 10 екипи, се играше по Бергеров систем и по одиграните девет кола првите две места ги освоија ШК Нов Напредок од Штип ш ШК Мулти Есенс од Скопје. Со осовјувањето на првите две места овие екипи обезбедија и пласман во Првата екипна машка сениорска лига за 2025 година.
 
Во квалификикациите за Првата женска лига пак учествуваа 5 екипи, првите две места и пласман во Првата женска лига која ќе се одржи во хотел Сириус од 23 до 31 јули, ги освоија екипите на ШК Пелагон од Прилеп и ШК Капабланка од Скопје. Табела и резултати можете да ги видите на следниот линк.

100 Години FIDE

100 години постоење на Светската шаховска федерација - FIDE

На 15.06.2024 во Градскиот парк со поддршка од УНИБанка ШФМ организираше голем шаховски хепенинг „100 години Шах - вистинскиот потег е со Уни Банка“ со што ја одбележавме сто годишнината од формирањето на Светската Шаховска Федерација (ФИДЕ).
По тој повод во Градскиот парк дојдоа повеќе од 200 деца но и голем број на возрасни кои имаа можност да си ги одмерат силите на шаховската табла играјќи меѓу себе но и со светски познатите велемајстори ВМ Антоанета Стефанова и ВМ Најџел Шорт.
На настанот присуствуваше и го отвори Министерот за Спорт Борко Ристевски кој им додели плакети за особен придонес за развој на шахот на Антоанета Стефанова, Никола Столев, Нафи Хасани и Уни Банка. На присутните им се обрати и Извршниот директор на Уни Банка, госпоѓата Милка Тодорова.
Четири часа поминати во одлична атмосфера, многу изиграни шаховски партии и околу педесетина награди кои беа доделени на лотаријата и многу прашања „кога пак ќе се организира оваков настан“.