Skip to content

XXXII Екипно првенство на Македонија за 2024

Машката прва шаховска лига започна со откажувањето на екипата на Стево Патако од Битола така да настапија девет екипи.

Жребката беше немилосрдна за најаките екипи на првенството да тие уште во првото коло ги одмерат силите. Екипата на Алкалоид од Скопје беше поуспешна и со 4:2 го совлада единствениот конкурент за првото место екипата на Гамбит Ассеко – Сее.

Со оваа титула екипата на Алкалоид 12 пати последователно е првак на Државата, а 26 – ти пат од осамостојувањето со што овој клуб го прави еден од најуспешните прволигаши во сите спортови не само во шахот.

Покрај Стево Патако, во Втората лига се сели и Анпасан-Сеш.

Натпреварувањето го судеше Иван Кочовски по 21 пат, инаку за оние помалку информираните станува збор за поранешен најуспешен селектор на нашата машка сениорска репрезентација како и бивш секретар на шаховска федерација.

Секојдневни информации и одиграните партии беа проследени преку интернет на следниот линк.

Лигата се одигра во  одлични услови за кои се погрижи хотел “Сириус“ во Струмица.

XXXII Екипно првенство на Македонија 2024 Струмица, 24 Јули-01 Август 2024 година Конечна табела:

Rank

Team

1

2

3

4

5

6

7

8

9

MP

Res.

Pts.

1

АЛАКОИД, Скопје

*

4

5

5

5½

5

5½

4½

5

16

0

39½

2

ГАМБИТ АССЕКО СЕЕ, Скопје

2

*

5½

4½

4½

4½

5

5½

5

14

0

36½

3

ПРИЛЕП, Прилеп

1

½

*

3

4

3

4

4

6

10

1

25½

4

ГОСТИВАР, Гостивар

1

1½

3

*

3

4½

3½

3½

5

10

1

25

5

ГШК КУМАНОВО 1, Куманово

½

1½

2

3

*

4

3

4

5

8

0

23

6

ПЕЛАГОН, Прилеп

1

1½

3

1½

2

*

3

3½

4

6

0

19½

7

ШТАЈНИЦ, Битола

½

1

2

2½

3

3

*

3

4

5

0

19

8

ШКУПИ, Скопје

1½

½

2

2½

2

2½

3

*

4½

3

0

18½

9

АНПАСАН-СЕШ, Шипковица

1

1

0

1

1

2

2

1½

*

0

0

9½