Европско кадетско првенство во шах во Чешка - 2024
На Европското првенство во шах во Прага во сите кадетски категори, кое се одржува од 20.08 до 01.09 настапуваат и нашите овогодишни државни прваци во машка и женска категорија. Број на учесници на Европски натпреварувања за млади е преку 1000 од сите шаховски федерации во Европа.
Тренерскиот тим го сочинуваат Маријан Митков ИМ и Орце Данчевски ИМ,тренери од шаховската школа на Гамбит.
Нашата држава ќе ја преставуваат следните натпреварувачи по категории:
Девојчиња
до 8 години Беловска Софија
до 10 години Цветановска Андреа
до 12 години Велева Илијана
до 14 години Велковска Ивана
до 16 години Жежовска Моника
до 18 години Ајрадиновска Инџи
Момчиња
До 8 години Иванов Васил
До 10 години Абдурахман Ахмет Селим
До 12 години Крстевски Павел
До 14 години Иванов Андреј
До 16 години Ибраимов Ефе
До 18 години Златков Антон
Шаховската Федерација на Македонија им посакува многу успех на нашите најмлади шахисти.