Среќна нова 2025

Нека е среќна новата 2025 година , добро здравје и успех како на домашната така и на меѓународната сцена на сите шахисти во Република Северна Македонија им посакува Шаховска Федерација на Македонија.

Gens una sumus.

Скопје опен 2024

Опен Скопје 2024

Од 11-17 во хотел Континетал се одржа овогодишното отворено првенство на Скопје во шах во организација на ШФМ и градски шаховски сојуз на Скопје. Како и претходната година имаше 2 паралелни турнира А и Б. На Б турнирот беа играчи со максимален рејтинг 2000 поени, додека на А турнирот можеше да играат играчи со било кој рејтинг.

Победник на А-турнирот стана велемајсторот Петков Момчил од Бугарија, а на Б турнирот победник беше Димитрова Елена.

За одбележување и успехот на Горан Главинац кој го освои второто место со ист број поени како и победничката на турнирот, но да не заборавиме дека рејтингот на Горан Главинац е далеку од неговот шаховско знаење.

Инаку главен судија на Опен Скопје 2024 беше Саша Јефтиќ , интернационале судија од Србија кој беше и главен судија на Европското првенство во рапид и блиц. За повеќе информации , партии и табели од турнирите може да ги добиете на слеедниот линк. 

Европско првенство во рапид, блиц, фишеров шах во Скопје 2024

Европско првенство во шах во забрзан и Фишеров шах во Скопје 2024

Од 6-11 декември во Скопје во хотел Континентал ќе се одржат Европските првенства во шах и тоа во рапид, блитц и т.н. Фишеров шах во организација на Шаховската Федерација на Македонија. Сигурно е дека овие натпреварувања се едни од најголемите организирани во Нашата Држава, а да потсетиме дека е само контуинуитет на работата на Федерацијата, ако се сетиме дека минатата година бевме и организатори на Светското првенство во шах во ветерански категории, а пред тоа и домаќини на најголемото екипно шаховско натпреварување во Европа. Се надеваме дека и сега организацијата ќе биде на најголемо ниво и ќе ја претставиме нашата Држава на најдобар начин. Инаку се очекува бројка од преку 400 натпреварувачи , а добро е и да се спомене дека ќе се организира и рапид турнир во т.н. Chess960 или попознато како Фишеров шах за прв пат на вакво ниво. Да посакаме успех на сите, а посебно на домашните играчи и да не израдуваат со успех и добри резултати.

Сите информации во врска со првенството можете да ги видите тука.

EICC 2024 Црна Гора – Петровац

Европско поединечно шаховско првенство Петровац – Црна Гора од 7 до 20 ноември 2024 г.

 

На оводишното Европско поединечно шаховско првенство во Црна Гора кое се одржа Во Петровац во Црна Гора имавеме еден преставник од нашата Федерација и тоа Романов Евгени шаховски Велемајстор кој од оваа година е дел на нашата Шаховска Федерација, каптен на нашата шаховска репрезентација. Може да се каже дека изненадување е дека на оваа најсилно Европско натпреварување во поединечна конкуренција не земаа учество и другите наши млади репрезантативци, а посебно нашата шаховска надеж и добитник на сребрна медала од претходната олимпијада Тони Лазов. Се надеваме во иднина дека на вакви врвни натпреварувања ќе имаме поголем број на натпреварувачи.

Во многу добра игра од почетокот па низ целиот турнир Романов за жал со малку повеќе среќа можеше да оствари далеку подобар резултат. Но и постигнатиот резултат е успех затоа што освои нови 6 рејтинг поени. Иако загуби во последното коло сепак пласманот е во горниот дел од табелата, а тоа значи дека нашата Репрезентациј и Држава добија големо засилување за наредните натпреварувања.

 

Секако треба да спомнеме дека на оваа натпреварување настапија и дваица наш Фиде Арбитри и тоа Воислав Мерџановски и Александра Гакидова.

Монтесилвано 2024

Светско кадетско првенство во шах во Монтесилвано Италија - 2024

Од 14-17 ноември во Монтесилвано – Италија се одигра Светското кадетско првенство во шах за во 2024 г. во организација на ФИДЕ. На оваа натпреварување кое траеше 11 кола, нашата Шаховска Федерација ја преставуваа кадети во следниве категории :
До 8 години во т.н. Опен секција т.е. машки Јовановски Јован од Куманово кој освои 2.5 поени
До 10 години во т.н. Опен секција – Вукашиновиќ Јован од Струмица кој освои 4 поени.
До 12 години во т.н. Опен секција – Петровски Никола од Скопје кој освои 4 поени.
До 10 години во женска конкуренција Велкова Надица од Струмица која освои 2.5 поени.
Резултатите беа во рамки на можностите на на нашите млади кадети, сем можеби Петровски Никола кој не потврли со играта туку повеќе со резултат , бидејќи ги изгуби последните 2 партии. Секако дека требе да се земе во предвид дека и тој влезе во последен момент во тимот како резерва и немаше доволно време да се спреми за оваа најсилно кадетско натпреварување. Со нашите кадети на оваа натпреварување беше селекторот на младинските категори ФМ Илиќ Зоран.

Резултати од натпреварувањата во сите категории може да ги видите тука.

Кадетско светско првенство во шах од 12 години Монтесилвано

Светско кадетско првенство во шах во Монтесилвано Италија - 2024

Од 14-27 ноември во Монтесилвано Италија се одржува светско кадетско првенство во шах во катергории до 12 г. На оваа првенство ќе учествуваат четири наши преставници и тоа во категорија до 8 години опен Јован Јовановски од Куманово, до 10 години опен Јован Вукашиновиќ од Струмица и до 12 години опен Никола Петровски од Скопје. Во женска конкуренција ќе имаме претставник во категорија до 10 години. Да им посакаме добар успех на нашите претставници. Со нив ќе биде и селекторот на кадетите Фиде мајсторот Илиќ Зоран воедно и ECU profesional тренер.

Резултати од натпреварувањата во сите категории може да ги видите тука.

Европски куп на шампиони во шах 2024

Европски куп на шампиони 2024 Врњачка Бања ECCC 2024

 

Во Врњачка бања – Србија од 20-26 октомври 2024 се одржа 39 машки и 28  Европски клупски шаховски шампионат. Ние на оваа натпреварување настапивме со 3 екипи и тоа 2 во машка и 1 во женска конкуренција.

Во машка конкуренција која броеше 84 екипи настапија екипите на Алкалоид и Гамбит АССЕКО од Скопје. Голем успех направи екипата на Алкалоид, Државен шампион за оваа година помогната од страни играчи го освои второто место и сребрен медал. Екипата на Гамбит пред се составена од домашни играчи (претежно нашите репрезентативци) го освои и го освои 45-то место.      Поединечно по табли златен медал освои Erigaisi Ajrun на прва табла, златен медал Yu Yangui на трета табла, бронзен медал на четврта табла Arvindh Chithambaram Vr, златен медал на шеста табла Indjic Aleksandar сите од екипата на Алкалоид, како и да го спомнеме одличниот резултат на нашиот интер мајстор Никола Николовски кои освои 6 поени од 7 партии (5 победи и 2 реми ), при тоа победувајќи го еден од најсилните светски млади шахасти Мурзин Володар.

Во женска конкуренција не претстави екипата на Центар од Скопје , овогодишниот женскиот Државен шампион , која беше на делба од 5-7 место. 

Заклучок може да изведеме дека ова година нашите екипи успешно не преставија на овогодишниот Европски клупски шаховски шампионта. Конечни резултати и пласмани на останатите екипи и нашите може да ги видите тука.

Вредно е да се спомене и дека на оваа натпреварување имавме двајца преставника во судиската екипа и тоа ФА Воислав Мерџановски и ФА Илиќ Зоран.

 

Претставник на ШФМ Зоран Стојчевски на посета на ОН во Њујорк

Претставник на ШФМ Зоран Стојчевски во Њујорк

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), по покана на Новинарско-писателската фондација (ЈВФ), учествуваше на конференција организирана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њуjорк (САД). На конференцијата се обработуваа теми и проекти за постигнување на целите за одржлив развој, дефинирани од Обединетите нации, информира ШФМ.
Членот на Управниот одбор (УО) на Шаховската федерација на Македонија, Зоран Стојчевски, на конференцијата го презентира проектот „Шах во училиштата“, имплементиран во Македонија, а почнат во 2022 година, како пример за применување на добрите практики и иницијативи за постигнување на овие цели. Полова еднаквост, социјална кохезија, социјална интеграција, борба против сите видови дискриминација и зависности и пред сѐ развој на младите личности, се клучните придобивки од овој проект, пишува Шаховската федерација на Македонија.

На конференцијата во Њујорк учествуваа повеќе од 100 претставници со свои предавања и проекти од целиот свет. Со овој настан Македонија покажа пример за почитување на основните човекови вредности и се издигнува меѓу земјите со висока традиција во овој сегмент, информира Шаховската федерација на Македонија. 


Од Нова Македонија, Гоце Илковски.

Олимпијада во шах за жени – Будимпешта 2024

Од 10-23 септември во Будимпешта се одржа и 45  шаховска олимпијада  и во женска конкуренција.

Нашата Државна селекција настапи во следниот состав:

  1. WFM Стојковска Моника 2043
  2. Манова Ивана   2032
  3. Жежовска Моника    2107
  4. Трајковска Сања       1920
  5. Ефтовска Леа              1841

За разлика од машката репрезентација , на оваа Олимпијада не можеме да кажеме дека и жените играа  добро. Со пласман 20 места послаб од почетниот рејтинг може слободно да се каже дека женската репрезентација потфрли во целина.

Но сепак треба да ги истакнеме Стојковска Моника и Манова Ивана који одиграа одлично и посебно да се радуваме на Манова Ивана која стана ноф женски Фиде Мајстор. Честитки до Ивана за освоената титула и на Моника за прикажаната игра.

За жал најголемата надеж младата Жежовска Моника потфрли , но се надеваме дека е ова моментална криза која секој шахист ја има во својата кариера и се надеваме дека во иднина таа и останатите девојки повторно ќе не радуваат со своите успеси.

Поединечни и екипни резултати на нашата женска репрезентација може да ги видите тука.

45 Олимпијада во шах мажи – Будимпешта

Од 10-23 септември во Будимпешта се одржа 45 шаховска олимпијада, најголем настан во кој се случува во шахот. Нашата Држава настапи и во машка и во женска конкуренција , како и со претставник во судиската организација на Олимпијадата.

Во машка конкуренција нашата Држава ја претсавуваа следниве играчи по табли:

  1. ВМ Романов Евгени 2567
  2. ИМ Лазов Тони 2360
  3. ИМ Николовски Никола 2388
  4. ИМ Ристески Емил 2367
  5. ФМ Златков Антон 2346

Со добра игра на сите репрезентативци имавме 6 меч победи , посебно да ја споменеме и Швајцарија која беше на 20 места рангирана пред нас. Но најголем успех постигна ИМ Тони Лазов со 7.5 поени во 8 партии и перформанс 2763 поени со што го освои сребрениот медал на втора табла што е и еден од најголемите успеси во историјата на Македонскиот Шах. Тони Лазов инаку овогодишниот шампион на Македонија да се потсетиме беше најдобар и на последното Европско првенство кога освои и норма за Велемајстор. Можеме да констатираме дека преку младите надежи како Тони Лазов, Антон Златков и останатите можеме да очекуваме да шахот во Македонија си се врати онаму каде што беше во најуспешните спортови. А во врска со тоа треба да го спомнеме и нашиот претставник во судискиот одбор , Агим Шемсиу кој судеше во женска конкуренција и тоа на поважните мечеви со што и во оваа категорија се наговестуваат наследници на најдобриот наш судија Иван Кочовски.

Заклучок е дека по подолго време Нашата машка репрезентација повторно бележи успеси и е на пат да се врати во врвот , таму кај што бевме пред дваесетина години. Честитки за сите шахисти , а посебно за ИМ Тони Лазов за  големиот успех што го направија на олимпијадата во Будимпешта од Управниот Одбор како и останатите членови на Шаховската Федерација.

Детали со резултати по играчи и по мечеви може да ги видите тука.