Квалификации за втора лига 2025 мажи

Квалификации за втора лига мажи оваа година ќе се одржат на 12,13 и 27 април оваа година во Скопје во хотел Континентал.

На оваа натпреварување пријавени се 13 екипи. Информации за правилникот на играње на овој турнир може да го видите тука, додека состави и екипи на следниот линк.

Средба со градоначалникот на Врњачка Бања

Претседателот на ШФМ, Voislav Merdjanoski и потпретседателот Agim Shemshiu на состанок со градоначалникот на Врњачка Бања, Србија каде е во тек Светското Училишно Првенство во Шах. Во последните години Врњачка Бања е домаќин на голем број шаховски натпреварувања од европски и светски ранг. Со градоначалникот разговаравме за придобивките од одржувањето на овие турнири, како и за улогата на локалната самоуправа во организацијата на оиве турнири и поддршката.

Воислав Мерџановски претседател на ШФМ

На 19.03.2025 во Скопје во хотел Континентал поради оставката на претседателот на ШФМ Саша Богдановиќ се одржа вонредно Изборно Собрание. На собранието присаствуваа 30 делегати на клубови со право на глас. Собранието започна со едно минутен молк во знак на оддавање почит на починатите во трагедијата во Кочани. На Собранието своја кандидатура поднесоа двајца кандидати за претседател, Воислав Мерџаноски и Оливер Деркоски. Со мнозинство од 18 гласови , за нов претседател на ШФМ е избран г-динот Воислав Мерџаноски и му посакуваме со успех да ја води Шаховската Федерација на Македонија.

Седум дневна жалост во Р. С. Македонија

Шаховската федерација на Македонија со длабоко жалење изразува сочувство до семејствата на настраданите и желба за побрзо закрепнување и оздравување на повредените од трагичниот настан во Кочани, каде 59 млади луѓе го загубија животот и над 150 се повредени. Апелираме до сите клубови да ги откажат планираните шаховски турнири и натпреварувања во согласност со прогласената 7 дневна жалост во земјата.

Кандидати за претседател на ШФМ

По одлука за оставка на функцијата Претседател на ШФМ , на годинашново изборно Собрание кандидатура поднесоа господинот Воислав Мерџановски и господинот Оливер Дерковски. За господинот Воислав Мерџановски CV-то може да ги погледнете на следниот линк, а за господинот Оливер Дерковски на следниот линк. 

Вонредно изборно собрание 2025

Вонредно изборно собрание на ШФМ ќе се одржи на 19.03.2025 година во 18.30 часот во Хотел Континентал. Покана за оваа собрание може да ја преземете од тука.

Извинување

Претседателот на судиска комисија Зоран Илиќ се извинува на судиите Александра Гакидова ,Војче Мерџановски и Вахидин Исмаили  зошто е направен превид при ажурирање на списокот на судии на листата на ШФМ. Имено станува збор за Фиде арбитри кои не претсатвуваат и на меѓународна сцена. Во прилог корегиран список на судии на ШФМ може да го видите тука.

Известување за судии на ШФМ

Судиска комисија на ШФМ ги известува сите судии кои сакат да судат во календарската 2025 година, да напишат мејл до Претседателот на судиска комисија Илиќ Зоран (zoran_ilik@yahoo.com) најкасно до 15 март оваа година и наведат на кој турнир што го организира ШФМ сакаат и можат да судат. Турнирите се објавени на календарот на ШФМ за 2025 г. Список на активни судии на листа на ШФМ може да го видите тука.