Skip to content

Од 10-23 септември во Будимпешта се одржа 45 шаховска олимпијада, најголем настан во кој се случува во шахот. Нашата Држава настапи и во машка и во женска конкуренција , како и со претставник во судиската организација на Олимпијадата.

Во машка конкуренција нашата Држава ја претсавуваа следниве играчи по табли:

  1. ВМ Романов Евгени 2567
  2. ИМ Лазов Тони 2360
  3. ИМ Николовски Никола 2388
  4. ИМ Ристески Емил 2367
  5. ФМ Златков Антон 2346

Со добра игра на сите репрезентативци имавме 6 меч победи , посебно да ја споменеме и Швајцарија која беше на 20 места рангирана пред нас. Но најголем успех постигна ИМ Тони Лазов со 7.5 поени во 8 партии и перформанс 2763 поени со што го освои сребрениот медал на втора табла што е и еден од најголемите успеси во историјата на Македонскиот Шах. Тони Лазов инаку овогодишниот шампион на Македонија да се потсетиме беше најдобар и на последното Европско првенство кога освои и норма за Велемајстор. Можеме да констатираме дека преку младите надежи како Тони Лазов, Антон Златков и останатите можеме да очекуваме да шахот во Македонија си се врати онаму каде што беше во најуспешните спортови. А во врска со тоа треба да го спомнеме и нашиот претставник во судискиот одбор , Агим Шемсиу кој судеше во женска конкуренција и тоа на поважните мечеви со што и во оваа категорија се наговестуваат наследници на најдобриот наш судија Иван Кочовски.

Заклучок е дека по подолго време Нашата машка репрезентација повторно бележи успеси и е на пат да се врати во врвот , таму кај што бевме пред дваесетина години. Честитки за сите шахисти , а посебно за ИМ Тони Лазов за  големиот успех што го направија на олимпијадата во Будимпешта од Управниот Одбор како и останатите членови на Шаховската Федерација.

Детали со резултати по играчи и по мечеви може да ги видите тука.