Среќна нова 2025

Нека е среќна новата 2025 година , добро здравје и успех како на домашната така и на меѓународната сцена на сите шахисти во Република Северна Македонија им посакува Шаховска Федерација на Македонија.

Gens una sumus.

Скопје опен 2024

Опен Скопје 2024

Од 11-17 во хотел Континетал се одржа овогодишното отворено првенство на Скопје во шах во организација на ШФМ и градски шаховски сојуз на Скопје. Како и претходната година имаше 2 паралелни турнира А и Б. На Б турнирот беа играчи со максимален рејтинг 2000 поени, додека на А турнирот можеше да играат играчи со било кој рејтинг.

Победник на А-турнирот стана велемајсторот Петков Момчил од Бугарија, а на Б турнирот победник беше Димитрова Елена.

За одбележување и успехот на Горан Главинац кој го освои второто место со ист број поени како и победничката на турнирот, но да не заборавиме дека рејтингот на Горан Главинац е далеку од неговот шаховско знаење.

Инаку главен судија на Опен Скопје 2024 беше Саша Јефтиќ , интернационале судија од Србија кој беше и главен судија на Европското првенство во рапид и блиц. За повеќе информации , партии и табели од турнирите може да ги добиете на слеедниот линк. 

Европско првенство во рапид, блиц, фишеров шах во Скопје 2024

Европско првенство во шах во забрзан и Фишеров шах во Скопје 2024

Од 6-11 декември во Скопје во хотел Континентал ќе се одржат Европските првенства во шах и тоа во рапид, блитц и т.н. Фишеров шах во организација на Шаховската Федерација на Македонија. Сигурно е дека овие натпреварувања се едни од најголемите организирани во Нашата Држава, а да потсетиме дека е само контуинуитет на работата на Федерацијата, ако се сетиме дека минатата година бевме и организатори на Светското првенство во шах во ветерански категории, а пред тоа и домаќини на најголемото екипно шаховско натпреварување во Европа. Се надеваме дека и сега организацијата ќе биде на најголемо ниво и ќе ја претставиме нашата Држава на најдобар начин. Инаку се очекува бројка од преку 400 натпреварувачи , а добро е и да се спомене дека ќе се организира и рапид турнир во т.н. Chess960 или попознато како Фишеров шах за прв пат на вакво ниво. Да посакаме успех на сите, а посебно на домашните играчи и да не израдуваат со успех и добри резултати.

Сите информации во врска со првенството можете да ги видите тука.

Претставник на ШФМ Зоран Стојчевски на посета на ОН во Њујорк

Претставник на ШФМ Зоран Стојчевски во Њујорк

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), по покана на Новинарско-писателската фондација (ЈВФ), учествуваше на конференција организирана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њуjорк (САД). На конференцијата се обработуваа теми и проекти за постигнување на целите за одржлив развој, дефинирани од Обединетите нации, информира ШФМ.
Членот на Управниот одбор (УО) на Шаховската федерација на Македонија, Зоран Стојчевски, на конференцијата го презентира проектот „Шах во училиштата“, имплементиран во Македонија, а почнат во 2022 година, како пример за применување на добрите практики и иницијативи за постигнување на овие цели. Полова еднаквост, социјална кохезија, социјална интеграција, борба против сите видови дискриминација и зависности и пред сѐ развој на младите личности, се клучните придобивки од овој проект, пишува Шаховската федерација на Македонија.

На конференцијата во Њујорк учествуваа повеќе од 100 претставници со свои предавања и проекти од целиот свет. Со овој настан Македонија покажа пример за почитување на основните човекови вредности и се издигнува меѓу земјите со висока традиција во овој сегмент, информира Шаховската федерација на Македонија. 


Од Нова Македонија, Гоце Илковски.

Средба со министерот за спорт Борко Ристовски

Средба со министерот за спорт Борко Ристовски

Раководството на Шаховската Федерација на Македонија, претседателот Саша Богдановиќ и потпреседателот Агим Шемсиу остварија средба со министерот за спорт г-динот Борко Ристевски.
Се разговараше за активностите на Шаховската Федерација, проектирањето на шахот во училиштата, шаховската Олимпијада која ке се одржи во Будимпешта, како и организација на претстојното Европско првенство во рапид и блитц кое ке се одржи во декември оваа година во нашата земја во Скопје.

Иван Кочовски

Иван Кочовски шаховски селектор,тренер,судија...

Иван КОЧОВСКИ добитник на државната награда “8.Септември“ во 2017 година за животно дело, како шаховски тренер-селектор. Роден е во 1959 година во Слоештица, Демир Хисар, а работниот век го врви во Скопје. Своето деби за репрезентацијата на Македонија го има во 1977 година на Турнирот на Републики и Покраини, на островот Крк во Хрватска. Во 1979 година, иако многу млад, заедно со Јован Софревски е тренер на македонските пионери и младинци на Првенството на Југославија за пионери и младинци, одржано во Отешево. Во 1988 година ја освојува меѓународната шаховска титула ФИДЕ мајстор и на турнирот во Гдиња, Полска надмоќно победува на турнир од VI категорија По осамостојувањето на Македонија избран е за селектор на женската репрезентација на Македонија. Дебитира на Шаховската олимпијада во Москва во 1994 година. Во првото коло против најсилниот можен противник, репрезентацијата на Русија, Македонија остварува сензационален нерешен резултат 1,5:1,5. Во меѓувреме во 1998 година, по повод 50 години од постоењето на Шаховската федерација на Македонија, за своите заслуги во развојот на шаховската игра, добитник е на највисокото признание- златна плакета. Со Кочовски како тренер-селектор, Шаховската репрезентација на Македонија на почетокот на новиот милениум, во екипна конуренција, постигна историски резултати достојни за почит. На Шаховската олимпијада во Истанбул, 2000 година, делба на 7-13 место. Следната 2001 година Македонија беше 8(осма) на Светското првенство во Ереван (Ерменија). На Шаховската олимпијада на Блед (Словенија) во 2002-та година го делеше 8-12 место. На Европското екипно првенство во 2003 година во Пловдив (Бугарија), Македонија го освојува 12-тото место. Две години по ред, во 2002 и 2003 година, на изборот за Спортист на годината, Иван Кочовски е избран за најуспешен селектор во Македонија. Носител на титулата меѓународен шаховски интернационален арбитер со највисоки функции на меѓународни натпревари, во историјата на Македонија, на Европски првенства и Шаховски олимпијади. Како шаховски интернационален арбитер има највисока лиценца во историјата на Македонија. На меѓународни турнири, Главен судија на прочуениот Карпош Опен на првите VII турнири, од 2011 до 2017 година. Главен судија на Шаховската олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид во 2017 година. Арбитер на Шаховските олимпијади во Тромсо (Норвешка) 2014, Баку (Азербејџан) 2016 и Батуми (Грузија) во 2018 година. Главен судија на последното екипно првенство на Македонија. Уште многу други успеси на полето на шахот за Иван Кочовски може да ги видите на следниот линк: http://chess-mkd.mk/wp-content/uploads/2024/08/2024-Кратка-биографија_Иван-Кочовски.pdf

Државни првенства за млади и девојчиња 2024

Од 23-29 јули 2024 г. во хотел Сирус во Струмица во организација на ШФМ се одржаа државните јуниорски првенства за млади и девојчиња во сите категории за 2024 г. По категории првите три места ги освојиа следниве шахисти:

Млади:

До 8 години:

1.    Бурнс Џошуа Бенџамин      Гамбит Асеко СЕЕ

2.    Иванов Васил                        Алкалоид

3.    Јовановски Јован                 Куманово

               До 10 години:

1.  Абдурахман Ахмет Селим   Гамбит Асеко СЕЕ

2.  Вукашиновиќ Јован               Цареви кули

3.  Николовски Дамјан               Гамбит Асеко СЕЕ

               До 12 години:

1.      Крстевски Павел                  Капабланка

2.      Стефановски Даниел         Капабланка

3.      Петровски Никола              Капабланка

До 14 години:

1.      Иванов Андреј                     Мулти есенс

2.      Симоновски Димитар       Шах шех

3.      Акбијик Фатих                      Центар

До 16 години:

1.      Ибраимов Ефе                     7 Ноември

2.      Бурнс Михаил                      Центар

3.      Павлески Никола                ЖШК Прилеп

До 18 години:

1.      Златков Антон                      Гамбит Асеко СЕЕ

2.      Џеладини Валтон                Куманово

3.      Велкоски Иван                     Алкалоид

Девојчиња:

До 8 години:

1.    Беловска Софија                   Гамбит Асеко СЕЕ

2.    Тренова Василија                 Цареви кули

3.    Пејковска Мила                     Гамбит Асеко Сее

До 10 години:

1.    Цветановска Андреа           Гамбит Асеко СЕЕ

2.    Велкова Надица                    Цареви кули

3.    Томова Катја                          Гамбит Асеко СЕЕ

До 12 години:

1.    Велева Илијана                     Алкалоид

2.    Филипче Софија                    Гамбит Асеко Сее

3.    Бурнс Кајла                             Капабланка

До 14 години:

1.    Бурнс Елисавета                   Капабланка

2.    Велкоска Ивана                    Мулти есенс

3.    Лукановска Исидора           Алкалоид

До 16 години:

1.    Жежовска Моника               Центар

2.    Огњановска Делфина         Капабланка

3.    Ѓорѓиеска Теодора               ЖШК Прилеп

До 18 години:

1.    Ајрадиновска Инџи              Гамбит Асеко Сее

2.    Јакимова Бонита                  Алкалоид

3.    Велева Теодора                       Неготино

Секако од младите треба да го издвоиме Златков Антон кој како 16 годишен настапуваше во група до 18 години и стана прв со сто процентен резултат 6 од 6.

Кај девојчињата сто процентен резултат 4 од 4 имаше Беловска Софија во категорија до 8 години.

Инаку и двајцата се од шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ чии членови освоија 6 златни медали (половина од вкупните) во двете конкуренции. Честитки за работата на клубот Гамбит Асеко СЕЕ и се надеваме дека тренерите од овој клуб така ќе продолжат да работат и во иднина.

Табели и резултати на турнирите може да ги најдете на сајтот https://chess–results.com федерација MKD.   

 

100 Години FIDE

100 години постоење на Светската шаховска федерација - FIDE

На 15.06.2024 во Градскиот парк со поддршка од УНИБанка ШФМ организираше голем шаховски хепенинг „100 години Шах - вистинскиот потег е со Уни Банка“ со што ја одбележавме сто годишнината од формирањето на Светската Шаховска Федерација (ФИДЕ).
По тој повод во Градскиот парк дојдоа повеќе од 200 деца но и голем број на возрасни кои имаа можност да си ги одмерат силите на шаховската табла играјќи меѓу себе но и со светски познатите велемајстори ВМ Антоанета Стефанова и ВМ Најџел Шорт.
На настанот присуствуваше и го отвори Министерот за Спорт Борко Ристевски кој им додели плакети за особен придонес за развој на шахот на Антоанета Стефанова, Никола Столев, Нафи Хасани и Уни Банка. На присутните им се обрати и Извршниот директор на Уни Банка, госпоѓата Милка Тодорова.
Четири часа поминати во одлична атмосфера, многу изиграни шаховски партии и околу педесетина награди кои беа доделени на лотаријата и многу прашања „кога пак ќе се организира оваков настан“.

Поединечни првенства на Р.Македонија за 2024 г.

Од 11 до 18 мај се одржаа Државните поединечни првенства во машка и женска конкуренција за 2024 г. Во машкиот турнир настапија 67 играчи. Се играше по швајцарски систем во 9 кола и настапија сите потенцијални кандидати за репрезентацијата која оваа година ќе настапува на Олимпијада, најголемото шаховско екипно натпреварување во светот. По возбудливи 9 кола најсигурна игра во текот на целиот турнир покажа интер мајсторот од Неготино Тони Лазов кој со 7.5 поени без пораз го зазема првото место и стана шампион на Р.С. Македонија за 2024 год. Најголемо изненадување на турнирот беше младинецот Антон Златков кој го освои второто место со 7 поени како и Николовски Никола но со подобри критериуми. Златков имаше шанса со победа во последно коло да стане најмлад првак во историјата на Македонскиот шах. На турнирот потфрли првиот носител Панчевски Филип освојувајќи го 11-то место. Подетални информации можете да ги добиете на следниот линк:

На женското првенство настапија 10 играчи. Турнирот се играше по бергеров систем од 9 кола. Најсигурна игра покажа ветеранката Габриела Коскоска која со 8 поени од 9 партии го освои првото место. Второ место го освои Ефтовска Леа со 7.5 поени и пораз само од првакот. На трето место се пласираше најдобрата младинка моментално во Државата Жежовска Моника со 7 поени.

Подетални информаци за пласман и резултати од турнирот можете да ги погледнете на следниот линк:

 

Екипни младински првенства во шах – 2024

Во просториите на училиштето Јахија Кемал во Скопје  во  организација на ШФМ беа одиграни државни екипни првенства во шах во категории од 8,10,12,14,16, и 18 години во машка конкуренција, како и 8 и 10 години во женска конкуренција. Учествуваа 43 екипи во сите конкуренции со преку 200 момчиња и девојчиња. Резултатите по категории можете да ги погледнете на chess-result mkd.