Европски куп на шампиони 2024 Врњачка Бања ECCC 2024
Во Врњачка бања – Србија од 20-26 октомври 2024 се одржа 39 машки и 28 Европски клупски шаховски шампионат. Ние на оваа натпреварување настапивме со 3 екипи и тоа 2 во машка и 1 во женска конкуренција.
Во машка конкуренција која броеше 84 екипи настапија екипите на Алкалоид и Гамбит АССЕКО од Скопје. Голем успех направи екипата на Алкалоид, Државен шампион за оваа година помогната од страни играчи го освои второто место и сребрен медал. Екипата на Гамбит пред се составена од домашни играчи (претежно нашите репрезентативци) го освои и го освои 45-то место. Поединечно по табли златен медал освои Erigaisi Ajrun на прва табла, златен медал Yu Yangui на трета табла, бронзен медал на четврта табла Arvindh Chithambaram Vr, златен медал на шеста табла Indjic Aleksandar сите од екипата на Алкалоид, како и да го спомнеме одличниот резултат на нашиот интер мајстор Никола Николовски кои освои 6 поени од 7 партии (5 победи и 2 реми ), при тоа победувајќи го еден од најсилните светски млади шахасти Мурзин Володар.
Во женска конкуренција не претстави екипата на Центар од Скопје , овогодишниот женскиот Државен шампион , која беше на делба од 5-7 место.
Заклучок може да изведеме дека ова година нашите екипи успешно не преставија на овогодишниот Европски клупски шаховски шампионта. Конечни резултати и пласмани на останатите екипи и нашите може да ги видите тука.
Вредно е да се спомене и дека на оваа натпреварување имавме двајца преставника во судиската екипа и тоа ФА Воислав Мерџановски и ФА Илиќ Зоран.




