Од 1 – 4 август во хотел Сириус – Струмица во организација на Шаховска Федерација на Македонија се одржа Прва лига во шах во женска конкуренција. На првенството учество земаа 6 екипи, а својот настап го откажаа екипите од Куманово и Гостивар. Учество земаа екипи од Скопје и тоа Алкалоид,Центар,Капабланка,Гамбит Асеко Сее и Дамин Гамбит и екипата на Неготино од Неготино. Натпреварувањата се играа по Бергеров систем и по пет одиграни кола со стопроцентен резултат пет победи во пет меча убедливо првото место го освои екипата на Алкалоид од Скопје. Второ место го освои минатогодишниот шампион т.е. екипата на Центар која во директен дуел загуби 3-1 од своите најголеми конкуретки екипата на Алкалоид. На првенството настапија доста млади играчи со што се наговести дека сигурно во иднина треба да очекуваме се повеќе мали девојчиња кои ќе се борат во сениорска конкуренција. Табела со резултати од шампионатот може да се видат на следниот линк.