На 27.04.2025 се одиграа последните две кола од квалификациите за втора лига во шах во машка конкуренција. Главните фаворити екипата на Фљамуртари од Ладориште и Теута од Липково се нови членови во втората шаховска лига. Прва резерва е екипата на Капабланка од Скопје која направи големо изненадување во последно коло победувајќи ја екипата на Теута. Вредно е да се напомене дека екипата на Капабланка е составена претежно од млади играчи на возраст до 15 години. Податоци за турнирот може да ги најдете на следниот линк.