Шах во школи - Струмица 2025
Промоција на шахот во Македонија преку проектот на ШФМ шах во школи продолжува континуирано да дава резултати. Овој пат учениците од четврто одделение од ОУ “ Никола Вапцаров” од Струмица со одделенскиот наставник Наташа Атанасова во рамките на изборниот предемет беа во посета на локалниот шаховски клуб Цареви Кули. Преку дружење и играње на шаховски партии учениците добија незаборавно искуство како и интерес кон оваа древна и најпопуларна игра. Шаховскиот клуб Цареви Кули го посетија и учениците од ОУ “Санде Масев” со предметниот наставник Василка Јовановска.



