Од 10-23 септември во Будимпешта се одржа и 45 шаховска олимпијада и во женска конкуренција.
Нашата Државна селекција настапи во следниот состав:
- WFM Стојковска Моника 2043
- Манова Ивана 2032
- Жежовска Моника 2107
- Трајковска Сања 1920
- Ефтовска Леа 1841
За разлика од машката репрезентација , на оваа Олимпијада не можеме да кажеме дека и жените играа добро. Со пласман 20 места послаб од почетниот рејтинг може слободно да се каже дека женската репрезентација потфрли во целина.
Но сепак треба да ги истакнеме Стојковска Моника и Манова Ивана који одиграа одлично и посебно да се радуваме на Манова Ивана која стана ноф женски Фиде Мајстор. Честитки до Ивана за освоената титула и на Моника за прикажаната игра.
За жал најголемата надеж младата Жежовска Моника потфрли , но се надеваме дека е ова моментална криза која секој шахист ја има во својата кариера и се надеваме дека во иднина таа и останатите девојки повторно ќе не радуваат со своите успеси.
Поединечни и екипни резултати на нашата женска репрезентација може да ги видите тука.