Skip to content

Иван Кочовски шаховски селектор,тренер,судија...

Иван КОЧОВСКИ добитник на државната награда “8.Септември“ во 2017 година за животно дело, како шаховски тренер-селектор. Роден е во 1959 година во Слоештица, Демир Хисар, а работниот век го врви во Скопје. Своето деби за репрезентацијата на Македонија го има во 1977 година на Турнирот на Републики и Покраини, на островот Крк во Хрватска. Во 1979 година, иако многу млад, заедно со Јован Софревски е тренер на македонските пионери и младинци на Првенството на Југославија за пионери и младинци, одржано во Отешево. Во 1988 година ја освојува меѓународната шаховска титула ФИДЕ мајстор и на турнирот во Гдиња, Полска надмоќно победува на турнир од VI категорија По осамостојувањето на Македонија избран е за селектор на женската репрезентација на Македонија. Дебитира на Шаховската олимпијада во Москва во 1994 година. Во првото коло против најсилниот можен противник, репрезентацијата на Русија, Македонија остварува сензационален нерешен резултат 1,5:1,5. Во меѓувреме во 1998 година, по повод 50 години од постоењето на Шаховската федерација на Македонија, за своите заслуги во развојот на шаховската игра, добитник е на највисокото признание- златна плакета. Со Кочовски како тренер-селектор, Шаховската репрезентација на Македонија на почетокот на новиот милениум, во екипна конуренција, постигна историски резултати достојни за почит. На Шаховската олимпијада во Истанбул, 2000 година, делба на 7-13 место. Следната 2001 година Македонија беше 8(осма) на Светското првенство во Ереван (Ерменија). На Шаховската олимпијада на Блед (Словенија) во 2002-та година го делеше 8-12 место. На Европското екипно првенство во 2003 година во Пловдив (Бугарија), Македонија го освојува 12-тото место. Две години по ред, во 2002 и 2003 година, на изборот за Спортист на годината, Иван Кочовски е избран за најуспешен селектор во Македонија. Носител на титулата меѓународен шаховски интернационален арбитер со највисоки функции на меѓународни натпревари, во историјата на Македонија, на Европски првенства и Шаховски олимпијади. Како шаховски интернационален арбитер има највисока лиценца во историјата на Македонија. На меѓународни турнири, Главен судија на прочуениот Карпош Опен на првите VII турнири, од 2011 до 2017 година. Главен судија на Шаховската олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид во 2017 година. Арбитер на Шаховските олимпијади во Тромсо (Норвешка) 2014, Баку (Азербејџан) 2016 и Батуми (Грузија) во 2018 година. Главен судија на последното екипно првенство на Македонија. Уште многу други успеси на полето на шахот за Иван Кочовски може да ги видите на следниот линк: http://chess-mkd.mk/wp-content/uploads/2024/08/2024-Кратка-биографија_Иван-Кочовски.pdf