Од 7 до 13 јули во хотел Дрим во Струга се одржаа Втората машка екипна лига за сениори и квалификациите за првата женска екипна лига.
На Втората машка лига учествуваа 10 екипи, се играше по Бергеров систем и по одиграните девет кола првите две места ги освоија ШК Нов Напредок од Штип ш ШК Мулти Есенс од Скопје. Со осовјувањето на првите две места овие екипи обезбедија и пласман во Првата екипна машка сениорска лига за 2025 година.
Во квалификикациите за Првата женска лига пак учествуваа 5 екипи, првите две места и пласман во Првата женска лига која ќе се одржи во хотел Сириус од 23 до 31 јули, ги освоија екипите на ШК Пелагон од Прилеп и ШК Капабланка од Скопје. Табела и резултати можете да ги видите на следниот линк.