Од 1 – 6 август во хотел Сириус – Струмица во организација на Шаховска Федерација на Македонија се одржа Прва лига во шах во т.н. опен (машка) конкуренција. На првенството учество земаа 8 екипи, а својот настап го откажаа екипите на Пелагон од Прилеп и Штајниц од Битола. Учество земаа Алкалоид,Мултиесенс,Гамбит Асеко Сее и Шкупи од Скопје, Гостивар од Гостивар, Нов Напредок од Штип, Куманово1 од Куманово и Прилеп од Прилеп. и тоа Алкалоид,Центар,Капабланка,Гамбит Асеко Сее и Дамин Гамбит и екипата на Неготино од Неготино. Натпреварувањата се играа по Бергеров систем и по седум одиграни кола најдобро пласирана екипа е стариот и сега нов Државен првака екипата на Алкалоид од Скопје. Иако заслужено го освоија првото место треба да се нагласи дека малку беа и на крилата на Каиса во директните мечеви со екипата на Гамбит Асеко Сее и Мултиесенс који екипи воедно ги освоија второто Мултиесенс и третото Гамбит. Без пораз е и второ пласираната екипа Мултиесенс од Скопје која беше составена од претежно млади играчи . Одржување на турнирот помина во фер и коректна атмосфера и во одлични услови за игра кои ги овозможи персоналот на хотелот Сириус во Струмица. Резултати и табела може да ги погледате на следниот линк.