Skip to content

ШАХОВСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ШАХОВСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Шаховската Федерација на Македонија е основана на 19.08.1948 година под називот Шаховски Сојуз на Македонија. За прв Претседател бил избран Блаже Конески, вљубеник во шахот, а во исто време вонсериски лингвист, славист, прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, протагонист во процесот на кодификацијата на македонскиот јазик и втемелувач на македонистиката. Блаже Конески е еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ.

Шаховската Федерација на Македонија е непрофитабилна организација чии членки се сите шаховски клубови активни на територијата на Северна Македонија.

Главни цели на Шаховската Федерација на Македонија се:

  • Поддршка на шаховските клубови
  • Поддршка на македонските национални екипи при нивните настапи на меѓунардони натпревари
  • Промоција на шахот, особено помеѓу најмладите и воведување на шах во школите

Од своето постоење Шаховската Федерација на Македонија се појавува како организатор на голем број на меѓународни шаховски натпревари, помеѓу кои вреди да се истакнат:

  • Интер-зонскиот натпревар за Жени оддржан 1971 година во Охрид
  • Шаховската Олимпијада оддржана 1972 година во Скопје, на олимпијадата учествувале репрезентации од 63 земји во чии состави имало бројни познати шаховски велемајстори, од 373 учесници имало вкпуно 35 велемајсотри и 68 интернационални мајстори, а за времетраењето на Олимпијадата биле одиграни вкпуно 2660 партии
  • Игри на солидарноста, серија од три турнири организирани во период од 1967 до 1976 во Скопје, Охрид и Крушево. Каде што учествуваа голем број на врвни шахисти од тоа време, а победници на турнирите биле Полугаевски, Фишер и Карпов
  • Индивидуално Европско Првенство во Шах оддржано 2001 година во Охрид
  • Европскиот Клупски Куп оддржан 2009 година во Охрид
  • Европското Индивидуално Првенство во Blitz и Rapid оддржано во 2018 година во Скопје
  • Светскиот Шаховски Конгрес во решавање на шаховски проблеми оддржан 2018 година во Охрид
  • Индивидуално Европско Првенство во Шах оддржано 2019 година во Скопје
  • Европскиот Клупски Куп оддржан 2021 година во Струга
  • Светско првенство за ветерани над 50 и над 65 години одржан 2023 година во Струга

Шахот во Македонија денес низ бројки:

  • 30 активни клубови
  • 239 активни играчи
  • 20 меѓународни шаховски судии
  • 32 шаховски тренери со меѓународно признати сертификати
“Every chess master was once a beginner.”
Irving Chernev