Квалификации за Втора Лига мажи 2024 г.

На барање на поголем дел од клубовите УО на ШФМ одлучи да го одложи почетокот на квалификациите за Втората лига -мажи. Новите датуми за одржување се 20 и 21 април, како и 19 мај 2024г. Дополнително ќе се достават сите информации до клубовите учесници.

Екипно Европско Првенство во Шах, Будва – 2023 година

На екипното европско првенство во шах кое се одржа во Будва, Црна Гора во период од 11 до 20 ноември, Македонија беше претставена со две репрезентации.

По одиграните девет кола машката репрезентација беше пласирана на 34-тото место, што е за две места подолу од стартниот ранг, додека женската репрезентација се пласираше на 27-мото место, 5 места подобро од стартниот ранг.

За истакнување е одличната игра на Тони Лазов кој ги одигра сите партии на ова првенство, и од 9 партии освои 6.5 поени (4 победи, 5 ремија) и го освои првиот бал за велемајстор и 26 нови рејтинг поени. Така да се надеваме дека во Неготино во поскоро време ќе добиеме и нов Велемајстор.

Секако за истакнување е резултатот на нашата намлада учесничка на Европското првенства Моника Жежовска која оствари одличен резултат и со 4 поени од 6 партии и нови 98 рејтинг поени на своето салдо беше наша најуспешна женска репрезентативка. За повеќе инфоромации на следниов линк.

Младински екипни првенства за 2023 г.

ШФМ ќе ги организира младинските екипни првенства за 2023 година на 25 и 26 ноември и 2 и 3 декември во ПОУ Јахја Кемал Скопје. Екипите ќе бидат поделени во возрасни категории до 8, 10, 12, 14, 16, и 18 години.
Право да пријават екипа(и) имаат сите регистрирани екипи во ШФМ како и останати спортски здруженија со Решение за вршење дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт.
Краен рок за пријавување на екипите е 20.11.2023.
Екипите се пријавуваат на следнава маил адреса marjan.mitkov@gambit.com.mk.
Детален распис може да превземете од следниов линк.

Информација за сите турнири одржани во Република Северна Македонија во текот на 2019 година

Извештај за официјални државни Првенства на  во сите категории за 2019 година

Извештај за официјални меѓународни натпревари на кои учествувале претставници од ШФМ за 2019 година

Извештај за други турнири одржани во 2019 година

Квалификации за Екипното првенство на Северна Македонија за 2019 година

Во квалификациите за Екипното првенство на Македонија за 2019 година учествуваат 8 (осум) екипи.

Резултати од 4 (четири) одиграни кола и моментна табела.

Резултати од Квалификации за ЕП 2019

Табела по 4-то коло,КЕП 2019

43.Шаховска Олимпијада во Батуми, 24.09.-05.10.2018

Двоен триумф на репрезентациите на Кина

Македонија во машка конкуренција го освои 48-мото, а во конкуренција на жени 70-тото место. Репрезентацијата на Македонија, мажи, како 43-то рангирана пред стартот одигра 4 натпревари со репрезентации послабо рангирани од себе и забележа исто толку убедливи победи.Во останатите 7 натпревари со подобро рангирани екипи забележа една победа, три нерешени и три порази.

Македонија во конуренција на жени беше рангирана како 58 репрезентација по сила.Одигра 6 натпревари со послабо рангирани, а 5 со подобро рангирани репрезентации од себе. Со послабите забележа 4 победи, еден нерешен резултат и еден пораз, а со подобрите една победа и 4 порази. Реален одраз на нашите моментни квалитети.Немавме свежина во последните кола.Се должи на заморот од секојдневните патувања.Екипите беа сместени 30 км далеку од салата за игра. Во прилог се табелите и комплетниот учинок на нашите репрезентации.