Отворено првенство на Македонија

Отвореното првенство на Македонија ќе се одржи во Скопје, од 15-23 декември 2018 година, во хотел „Stone Bridge“, кеј Димитар Влахов бр.1, во организација на Шаховската федерација на Македонија.
Турнирот е од отворен карактер за сите играчи со FIDE ID код кои се наоѓаат на македонската рејтинг листа. Се игра по Швајцарски систем од девет (09) кола и се рејтингува во ФИДЕ. Важат Правилата на FIDE.

Пријавување најдоцна до 14 декември 2018 година на е-маил: slakinski@yahoo.com

Повеќе информации на следниот линк: Распис_Отворено првенство на Македонија 2018.

43.Шаховска Олимпијада во Батуми, 24.09.-05.10.2018

Двоен триумф на репрезентациите на Кина

Македонија во машка конкуренција го освои 48-мото, а во конкуренција на жени 70-тото место. Репрезентацијата на Македонија, мажи, како 43-то рангирана пред стартот одигра 4 натпревари со репрезентации послабо рангирани од себе и забележа исто толку убедливи победи.Во останатите 7 натпревари со подобро рангирани екипи забележа една победа, три нерешени и три порази.

Македонија во конуренција на жени беше рангирана како 58 репрезентација по сила.Одигра 6 натпревари со послабо рангирани, а 5 со подобро рангирани репрезентации од себе. Со послабите забележа 4 победи, еден нерешен резултат и еден пораз, а со подобрите една победа и 4 порази. Реален одраз на нашите моментни квалитети.Немавме свежина во последните кола.Се должи на заморот од секојдневните патувања.Екипите беа сместени 30 км далеку од салата за игра. Во прилог се табелите и комплетниот учинок на нашите репрезентации.

Претседателот на ШФМ избран за претседател на Натпреварувачката комисија на ЕЦУ

Претседателот на ШФМ е избран за претседател на Натпреварувачката комисија на Европската шаховска унија (ЕЦУ) , повеќе за оваа вест во следниот линк на „Нова Македонија“: