Шах во школи – Куманово 2023

Шах во школи - Куманово 2023

Во Куманово во пресрет на празникот 11 Ноември од страна на Шаховската Федерација на Македонија а во организација на Потпреседателот на шаховската Федерација г-динот Агим Шемшии како и Сојуз за млади и спорт на град Куманово, беше одржана презентација за промоција на предметот шах во основните училишта. На презентацијата беа присатни просветни работници од сите основни училишта во градот и околината , а еден од главните промотори Зоран Стојчевски инаку член на управниот одбор на ШФМ во кратко им ја презентираше програмата изработена од ШФМ за предметот шах, за кој се надеваме во иднина ќе стане и дел од редовната програма во основните училишта.
По завршување на презентацијата им беа подарени шаховски гарнитури на сите училишта како потстрек и поттик во реализацијата на програмата Шах во школи која е и еден од приоритетите на ШФМ

Одлуки на управен одбор

Одлуки донесени на четврта седница на управен одбор одржана на 21.10.2023 год. може да ги видите тука.

Предлог Календар за 2022

р.б. ПРЕДЛОГ КАЛЕНДАР НА ШФМ за 2022 година категорија тип темпо термин место
1 Преоден рок и регистрација на клубовите сениори март,септември
2 Опен Алкалоид сениори поед. Р,Б март
3 Державин поед. март
4 ШК Куманово (Бергер) жени поед. С прва половина на март
5 Европско првенство сениори поед. С 27 март-06 апр Словенија
6 Опен Квалитет млади поед. С 20 -24 мај
7 Првенство на Македонија за жени сениори поед. С 29 апр-07 мај
8 Првенство на Македонија сениори поед. С 29 апр-07 мај
9 Првенство на Македонија сениори поед. Р,Б 07 – 08 мај
10 Опен Гостивар сениори поед. Р мај
11 Етно село Тимчевски од 8-18 год поед. С 10 – 15 јуни
12 Првенство на Македонија од 8-18 год поед. Р,С 18-24 јуни
13 Светско првенство за слепи сениори екипно С 25 јуни -05 јули Македонија
14 2 Лига на Македонија мажи/жени екипно С 9-11 јули
15 Олимпијада сениори екипно С 26 јули-08 авг Русија
16 1 Лига на Македонија мажи/жени екипно С 11-17 авг
17 Балканско првенство – Млади и пријателство млади поед. С 19-23 авг
18 Европско првенство за жени сениори поед. С 20-31 авг Чешка
19 Опен Тетово сениори поед. С септември
20 Светско младинско првенство 14,16,18 поед. С 5-18 септ Романија
21 Езерска кралица млади поед. С 7-11 окт
22 Шаховски фестивал Езерска кралица млади екипно С септ/окт
23 Опен Скопје сениори поед. С 23 – 30 септември
24 Опен Скопје млади поед. С 23 – 30 септември
25 ЕКК мажи/жени екипно С 2-10 окт Австрија
26 Првенство на Македонија 8 и 10 екипно С октомври
27 Првенство на Македонија 12,14,16,18 екипно С октомври
28 Опен Прилеп сениори поед. Р октомври
29 Европско младинско првенство млади поед. С окт/ноем Анталија
30 Аматерско првенство на Македонија (Б.Конески) сениори поед. С 7-11 дек

Информација за сите турнири одржани во Република Северна Македонија во текот на 2019 година

·         Извештај за официјални државни Првенства на  во сите категории за 2019 година

·         Извештај за официјални меѓународни натпревари на кои учествувале претставници од ШФМ за 2019 година

·         Извештај за други турнири одржани во 2019 година

Европски клупски куп на шампиони во Скопје 2021

За време на Европското шаховско првенство во Батуми, Грузија 2019, беше одржан состанок на комисијата на ECU за шаховски наптревари. На состанокот акламативно е донесена одлука за Европскиот куп на клупски шампиони во 2021 да се одржи во Скопје. Потсетуваме Претседател на комисијатата (https://www.europechess.org/commissions/events-commission/) e Претседателот на ШФМ, Благоја Богоевски.

Државно првенство 2019

Првенството на Северна Македонија се одржа од 20 до 28 Мај 2019, во Скопје, во хотел Континентал.

Шампион за 2019 година е Велемајсторот Кирил Георгиев со освоени 8,5 поени од 9 партии. Од останатите учесници најдобра игра прикажаа, а со тоа се стекнаа и со директно право на учество за наредната 2020 година  ИМ Филип Панчевски и ВМ Звонко Станојоски.

Сите поединости за турнирот може да ги видите и на следниот линк http://chess-results.com/tnr439859.aspx?lan=21&art=1&turdet=YES

На следниот линк е табелата: Првенство на Северна Македонија за 2019 конечна табела.