Skip to content

Во три натпреварувачки денови 20,21 април и 19 мај во хотелот Континетал во Скопје беа одржани овогодишните квалификации за втора лига шах во машка конкуренција. Подемот во шахот продолжува, па така оваа година во квалификациите настапија дури 18 екипи. Турнирот се играше во 6 кола по швајцарски систем во 3 натпреварувачки дена по 2 кола. По 6 одиграни кола најдобро пласирана екипа беше воедно и најдобро рејтингуваната екипа пред почетокот на турнирот , екипата на Нов Напредок од Штип која со 6 победи во 6 меча убедливо го освои првото место а со тоа стана и нов второлигаш. Нема да биде ништо чудно оваа екипа и на овогодишната втора лига да обезбеди пласман кој идната година ќе ја води во највисокото екипно шаховско натпреварување во Дражавата. Второто место го освои екипата на Кочани од Кочани која воедно беше и второ рангирана пред почетокот на турнирот. Изненадување направи ЖШК Прилеп кој го освои 3 место а беа петнаесети рангирани пред почетокот на турнирот.На четврто место заврши екипата на Мултиесенс од Скопје која беше составена од младинци и се секако нај интересната екипа која ќе се натпреварува во втората лига. Овие четири екипи се директни учесници во втората лига, а екипата на Шах шех од Битола е првата резерва. Да се напомене дека потврли екипата на ТИМ Анпасан од Крива Паланка која беше еден од фаворитите за освојување место кое води во втората шаховска лига. Резултати и конечна табела може да ги погледате на следниот линк.