Екипното првенство на Македонија ќе се одржи од 11-17 август 2018 година, во хотел „Дрим“ во Струга.Право на настап имаат екипите на Алкалоид (Скопје), Гамбит Ассеко-Сее (Скопје), Гостивар (Гостивар), Прилеп (Прилеп), Карпош (Скопје), 4-ти Ноември (Битола), БМ Кисела Вода (Скопје) и МШК Центар (Скопје).Во предвидениот термин пријавени се пошироките состави на екипите. Мечевите се играат на 6(шест) табли со 4(четири) резерви.

Темпо на игра е 90 минути за 40 потези и 30 минути до крајот на партијата, по играч, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот. Партиите се играат секој ден од 16,30 часот, освен последното коло кое започнува во 10,00 часот.

На следниот линк може да ги видите проширените состави на екипите:

Проширени состави.

 

Recommended Posts