Средба со министерот за правда Krenar Lloga

Средба со министерот на Правда Krenar Lloga

Na 22.02.2024 потпретседателот на ШФМ Агим Шемшији и секретарот на УО Александра Гакидова остварија средба со Министерот за Правда Krenar Lloga. На средбата се разговараше за работата на ШФМ и организацијата на престојното Европско Првенство во Рапид и Блиц. Од Министерот добивме уверување дека ќе се заложи и ќе стори се што е во негова ингеренција да обезбеди поддршка од Владата за успешна организација на ова првенство.

Екипно Европско Првенство во Шах, Будва – 2023 година

На екипното европско првенство во шах кое се одржа во Будва, Црна Гора во период од 11 до 20 ноември, Македонија беше претставена со две репрезентации.

По одиграните девет кола машката репрезентација беше пласирана на 34-тото место, што е за две места подолу од стартниот ранг, додека женската репрезентација се пласираше на 27-мото место, 5 места подобро од стартниот ранг.

За истакнување е одличната игра на Тони Лазов кој ги одигра сите партии на ова првенство, и од 9 партии освои 6.5 поени (4 победи, 5 ремија) и го освои првиот бал за велемајстор и 26 нови рејтинг поени. Така да се надеваме дека во Неготино во поскоро време ќе добиеме и нов Велемајстор.

Секако за истакнување е резултатот на нашата намлада учесничка на Европското првенства Моника Жежовска која оствари одличен резултат и со 4 поени од 6 партии и нови 98 рејтинг поени на своето салдо беше наша најуспешна женска репрезентативка. За повеќе инфоромации на следниов линк.

Младински екипни првенства за 2023 г.

ШФМ ќе ги организира младинските екипни првенства за 2023 година на 25 и 26 ноември и 2 и 3 декември во ПОУ Јахја Кемал Скопје. Екипите ќе бидат поделени во возрасни категории до 8, 10, 12, 14, 16, и 18 години.
Право да пријават екипа(и) имаат сите регистрирани екипи во ШФМ како и останати спортски здруженија со Решение за вршење дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт.
Краен рок за пријавување на екипите е 20.11.2023.
Екипите се пријавуваат на следнава маил адреса marjan.mitkov@gambit.com.mk.
Детален распис може да превземете од следниов линк.

Шах во школи – Куманово 2023

Шах во школи - Куманово 2023

Во Куманово во пресрет на празникот 11 Ноември од страна на Шаховската Федерација на Македонија а во организација на Потпреседателот на шаховската Федерација г-динот Агим Шемшии како и Сојуз за млади и спорт на град Куманово, беше одржана презентација за промоција на предметот шах во основните училишта. На презентацијата беа присатни просветни работници од сите основни училишта во градот и околината , а еден од главните промотори Зоран Стојчевски инаку член на управниот одбор на ШФМ во кратко им ја презентираше програмата изработена од ШФМ за предметот шах, за кој се надеваме во иднина ќе стане и дел од редовната програма во основните училишта.
По завршување на презентацијата им беа подарени шаховски гарнитури на сите училишта како потстрек и поттик во реализацијата на програмата Шах во школи која е и еден од приоритетите на ШФМ

Информација за сите турнири одржани во Република Северна Македонија во текот на 2019 година

·         Извештај за официјални државни Првенства на  во сите категории за 2019 година

·         Извештај за официјални меѓународни натпревари на кои учествувале претставници од ШФМ за 2019 година

·         Извештај за други турнири одржани во 2019 година

Европски клупски куп на шампиони во Скопје 2021

За време на Европското шаховско првенство во Батуми, Грузија 2019, беше одржан состанок на комисијата на ECU за шаховски наптревари. На состанокот акламативно е донесена одлука за Европскиот куп на клупски шампиони во 2021 да се одржи во Скопје. Потсетуваме Претседател на комисијатата (https://www.europechess.org/commissions/events-commission/) e Претседателот на ШФМ, Благоја Богоевски.

Државно првенство 2019

Првенството на Северна Македонија се одржа од 20 до 28 Мај 2019, во Скопје, во хотел Континентал.

Шампион за 2019 година е Велемајсторот Кирил Георгиев со освоени 8,5 поени од 9 партии. Од останатите учесници најдобра игра прикажаа, а со тоа се стекнаа и со директно право на учество за наредната 2020 година  ИМ Филип Панчевски и ВМ Звонко Станојоски.

Сите поединости за турнирот може да ги видите и на следниот линк http://chess-results.com/tnr439859.aspx?lan=21&art=1&turdet=YES

На следниот линк е табелата: Првенство на Северна Македонија за 2019 конечна табела.