Одлуки на Управен Одбор донесени на трета седница во 2024 г.

Одлуки донесени на третата седница на управен одбор одржана на 19.05.2024 год. може да ги видите тука.

Квалификации за втора лига мажи за 2024 г.

Во три натпреварувачки денови 20,21 април и 19 мај во хотелот Континетал во Скопје беа одржани овогодишните квалификации за втора лига шах во машка конкуренција. Подемот во шахот продолжува, па така оваа година во квалификациите настапија дури 18 екипи. Турнирот се играше во 6 кола по швајцарски систем во 3 натпреварувачки дена по 2 кола. По 6 одиграни кола најдобро пласирана екипа беше воедно и најдобро рејтингуваната екипа пред почетокот на турнирот , екипата на Нов Напредок од Штип која со 6 победи во 6 меча убедливо го освои првото место а со тоа стана и нов второлигаш. Нема да биде ништо чудно оваа екипа и на овогодишната втора лига да обезбеди пласман кој идната година ќе ја води во највисокото екипно шаховско натпреварување во Дражавата. Второто место го освои екипата на Кочани од Кочани која воедно беше и второ рангирана пред почетокот на турнирот. Изненадување направи ЖШК Прилеп кој го освои 3 место а беа петнаесети рангирани пред почетокот на турнирот.На четврто место заврши екипата на Мултиесенс од Скопје која беше составена од младинци и се секако нај интересната екипа која ќе се натпреварува во втората лига. Овие четири екипи се директни учесници во втората лига, а екипата на Шах шех од Битола е првата резерва. Да се напомене дека потврли екипата на ТИМ Анпасан од Крива Паланка која беше еден од фаворитите за освојување место кое води во втората шаховска лига. Резултати и конечна табела може да ги погледате на следниот линк.

Поединечни првенства на Р.Македонија за 2024 г.

Од 11 до 18 мај се одржаа Државните поединечни првенства во машка и женска конкуренција за 2024 г. Во машкиот турнир настапија 67 играчи. Се играше по швајцарски систем во 9 кола и настапија сите потенцијални кандидати за репрезентацијата која оваа година ќе настапува на Олимпијада, најголемото шаховско екипно натпреварување во светот. По возбудливи 9 кола најсигурна игра во текот на целиот турнир покажа интер мајсторот од Неготино Тони Лазов кој со 7.5 поени без пораз го зазема првото место и стана шампион на Р.С. Македонија за 2024 год. Најголемо изненадување на турнирот беше младинецот Антон Златков кој го освои второто место со 7 поени како и Николовски Никола но со подобри критериуми. Златков имаше шанса со победа во последно коло да стане најмлад првак во историјата на Македонскиот шах. На турнирот потфрли првиот носител Панчевски Филип освојувајќи го 11-то место. Подетални информации можете да ги добиете на следниот линк:

На женското првенство настапија 10 играчи. Турнирот се играше по бергеров систем од 9 кола. Најсигурна игра покажа ветеранката Габриела Коскоска која со 8 поени од 9 партии го освои првото место. Второ место го освои Ефтовска Леа со 7.5 поени и пораз само од првакот. На трето место се пласираше најдобрата младинка моментално во Државата Жежовска Моника со 7 поени.

Подетални информаци за пласман и резултати од турнирот можете да ги погледнете на следниот линк:

 

Екипни младински првенства во шах – 2024

Во просториите на училиштето Јахија Кемал во Скопје  во  организација на ШФМ беа одиграни државни екипни првенства во шах во категории од 8,10,12,14,16, и 18 години во машка конкуренција, како и 8 и 10 години во женска конкуренција. Учествуваа 43 екипи во сите конкуренции со преку 200 момчиња и девојчиња. Резултатите по категории можете да ги погледнете на chess-result mkd.

Квалификации за Втора Лига мажи 2024 г.

На барање на поголем дел од клубовите УО на ШФМ одлучи да го одложи почетокот на квалификациите за Втората лига -мажи. Новите датуми за одржување се 20 и 21 април, како и 19 мај 2024г. Дополнително ќе се достават сите информации до клубовите учесници.

Средба со министерот за правда Krenar Lloga

Средба со министерот на Правда Krenar Lloga

Na 22.02.2024 потпретседателот на ШФМ Агим Шемшији и секретарот на УО Александра Гакидова остварија средба со Министерот за Правда Krenar Lloga. На средбата се разговараше за работата на ШФМ и организацијата на престојното Европско Првенство во Рапид и Блиц. Од Министерот добивме уверување дека ќе се заложи и ќе стори се што е во негова ингеренција да обезбеди поддршка од Владата за успешна организација на ова првенство.