Skip to content

100 години постоење на Светската шаховска федерација - FIDE

На 15.06.2024 во Градскиот парк со поддршка од УНИБанка ШФМ организираше голем шаховски хепенинг „100 години Шах - вистинскиот потег е со Уни Банка“ со што ја одбележавме сто годишнината од формирањето на Светската Шаховска Федерација (ФИДЕ).
По тој повод во Градскиот парк дојдоа повеќе од 200 деца но и голем број на возрасни кои имаа можност да си ги одмерат силите на шаховската табла играјќи меѓу себе но и со светски познатите велемајстори ВМ Антоанета Стефанова и ВМ Најџел Шорт.
На настанот присуствуваше и го отвори Министерот за Спорт Борко Ристевски кој им додели плакети за особен придонес за развој на шахот на Антоанета Стефанова, Никола Столев, Нафи Хасани и Уни Банка. На присутните им се обрати и Извршниот директор на Уни Банка, госпоѓата Милка Тодорова.
Четири часа поминати во одлична атмосфера, многу изиграни шаховски партии и околу педесетина награди кои беа доделени на лотаријата и многу прашања „кога пак ќе се организира оваков настан“.