Skip to content

Од 11 до 18 мај се одржаа Државните поединечни првенства во машка и женска конкуренција за 2024 г. Во машкиот турнир настапија 67 играчи. Се играше по швајцарски систем во 9 кола и настапија сите потенцијални кандидати за репрезентацијата која оваа година ќе настапува на Олимпијада, најголемото шаховско екипно натпреварување во светот. По возбудливи 9 кола најсигурна игра во текот на целиот турнир покажа интер мајсторот од Неготино Тони Лазов кој со 7.5 поени без пораз го зазема првото место и стана шампион на Р.С. Македонија за 2024 год. Најголемо изненадување на турнирот беше младинецот Антон Златков кој го освои второто место со 7 поени како и Николовски Никола но со подобри критериуми. Златков имаше шанса со победа во последно коло да стане најмлад првак во историјата на Македонскиот шах. На турнирот потфрли првиот носител Панчевски Филип освојувајќи го 11-то место. Подетални информации можете да ги добиете на следниот линк:

На женското првенство настапија 10 играчи. Турнирот се играше по бергеров систем од 9 кола. Најсигурна игра покажа ветеранката Габриела Коскоска која со 8 поени од 9 партии го освои првото место. Второ место го освои Ефтовска Леа со 7.5 поени и пораз само од првакот. На трето место се пласираше најдобрата младинка моментално во Државата Жежовска Моника со 7 поени.

Подетални информаци за пласман и резултати од турнирот можете да ги погледнете на следниот линк: